Лифтовите кои веќе подолг период се во користење и секојдневно имаат чести застои поради неисправност или дотрајаност на определени делови за прилагодување на лифтот кон новите европски стандарди и регулативи имаат потреба од модернизација.
 
Модернизацијата подразбира утврдување од нашиот стручен технички тим коишто ќе имаат за цел да го испитаат целокупното работење на лифтот во определен временски период и ќе подготват пакет во зависност од постоечката состојба.
Исто така доколку лифтот е во функционална состојба постои во делот на модернизацијата и можност за корисниците на лифтовите да постават мониторинг да им бидат понудени дополнителни функционалности со лифтот каде што ќе имаат увид на работењето на лифтот како и превземање на мерки за зголемување на безбедноста на Вашиот лифт.
Како дополнителни уреди најчесто и најосновен уред е
уредот за спуштање на кабината во долната станица и отворање на вратата во случај на дефект или прекин на електрична енергија, ваги за преоптеретување и говорни врски.
Модернизацијата вклучува промена на кабината или промена на интериерот според новите стандарди, промена на вратите во кабина и на возно окно со задоволување на сите безбедносни мерки, промена на сајли, мотор, сигурносни уреди, командни табли и сите други делови во зависност од потребите на самиот лифт.
Тин Елеватор соработува со компании кои се специјалицирани во делот на модернизација и промена на старите делови.