Лифтовите денес со својот уникатен дизајн во најразлични материјали се усогласени со сите современи стандарди за дизајнирање.
Патничките лифтови се изработени во високо квалитетен брусен, огледален и гравиран инокс во комбинација со фурнир, ламинат, фарбани со високо квалитетна електростатска боја во палети на бои кои придонесуваат да се чувствувате пријатно и материјали по желба на инвеститорот.
Во поглед на опремата која е стандардна лифтовите можат да бидат хидраулични и електрични. Вратите на возното окно како и на кабината можат да бидат автоматски со телескопско странично отворање на лево и десно како и централно.
Вратите во зависност од изборот на инвеститорот да бидат во фарбано облагање или доколку е потребно во инокс.
Хидрауличните лифтови се управувани на хидрауличен погон со агрегат составен од цилиндар, пумпа и вентилска група. Тин Елеватор има склучено договор за техничка соработка со компании од Европска Унија кои се долгогодишни производители на овие уреди и кои даваат гаранција за квалитетот на нивното користење. Товарните карго лифтови, автолифтовите како и платформите за товар и автомобили користат хидрауличен погон.
Електричните лифтови се почесто користени со брзиот развој на технологијата. Истите функционираат со синхрон и асихрон мотор со и без редуктор и  овозможуваат заштеда на енергијата на објектот и брзо решавање и детектирање на чести застои. Истите се управувани микропроцесорски со фреквентен регулатор каде што во зависност од проектирањето на објектот можат да бидат во изведба со мотор без редуктор со вградување на опремата во машинска просторија или на систем без машинска просторија.  
Електричните лифтови ги нудиме со брзина од 1.00 метар во секунда до 2.5 метри во секунда. Тоа значи дека да стигнеме на 10от кат од зграда од 30 метри висина на дигање со лифт од брзина од 2,5 м/с лифтот ќе ги помине за 12 секунди.

Безбедносни насоки на лифтови

  ELEKTRICEN HIDRAULIKA KAKO RABOTI   VODENJE NA VRATI