ЗА ТИН ЕЛЕВАТОР

           Тин Елеватор е компанија која во својата дејност ја има целта да ја опслужи потребата на своите клиенти да овозможи движење во просторот со автоматизирани производи како лифтови, платформи, паркинг системи и бариери, да овозможи пристап на лица со хендикеп, ескалатори, подвижни патеки како и модернизација на веќе лифтовите кои имаат потреба од замена на голем дел од компонентите за нивно повторно функционирање.

Компанијата постои 10 години и е во постојан подем. Во процесот на проектирање и техничко усогласување вкучени се повеќе стручни лица од различни аспекти кои се служат со најсовремени методи во процесот на вградување на производите на објектот како и прилагодување на барањата на своите клиенти.

ЗОШТО ТИН ЕЛЕВАТОР? 

Тин Елеватор е специјализирана компанија на пазарот која нуди комплетни решенија за поставување и монтажа на сите видови на лифтови патнички,сега со брзиот развој на станбената архитектура повеќе познати како станбени кои можат да бидат хидраулични и електрични во основна, панорамска, луксузна или специјална изведба.Додека, наменските лифтови се почесто барани во последните години со развојот на индустриски капацитети, болнички и останати услужни дејности.

ДЕЈНОСТ
Тимот на Тин Елеватор се состои од искусни професионалци со долгогодишно искуство од областа на архитектурата, машинството и лифтовската индустрија. Производите имаат современ дизјан и се проектирани по најновите светски техноогии почитувајки ги сите потребни стандарди за квалитет.

Во своето работење компанијата ги применува стандардите ISO 9001 за квалитет, ISO 14001 за животна средина и современите европски стандарди и иновации за сигурност, квалитет и економичност.

ТИН ЕЛЕВАТОР НУДИ НА СВОИТЕ КЛИЕНТИ:

•  Проектирање
•  Изведба
•  Енергетска ефикасност
•  Трговија
•  Консалтинг